Американските боксери Мајк Тајсон и Рој Џонс Јуниор, нема да бидат тестирани на марихуана пред борбата која ќе се одржи на 28. ноември.

Иако Американската нати – допинг агенција ќе ги тестира двајцата боксери на дрога, марихуаната ќе биде исклучена од тестирањето со оглед на тоа што во Калифорнија, марихуанта е легална.

Нема дилеми дека Тајсон би бил позитивен на канабис. Тој е голем уживател на марихуана и својата плантажа од која заработува околу половина милион долари месечно, а призна и дека со пријателите месечно пуши марихуана во вредност од 40.000 долари. Сепак, пред овој меч Тајсон тврди дека поприлично го намалил консумирањето марихуана, нормално додека тренирал.

-Многу намалив со марихуанта. Кога работите вакво нешто мора да ги промените навиките. Единствено што не ми се допаѓа во се е тоа што без канабис станувам злобен. Сакам злобни работи и не ми се допаѓа тоа, изјави Тајсон.