Мајк Помпео на 4 ноември доаѓа во Охрид

148

Американскиот државен секретар Мајк Помпео доаѓа во земјава. На 4 ноември Помпео ќе допатува во Охрид, дознава весникот Вечер од свои извори.

Државниот секретар на САД пред десетина дена упати честитка до Владата и до македонскиот народ по повод 8 Септември, Денот на независноста. Помпео во честитката го издвои грчко-македонскиот договор како значаен историски договор.

 -Вашата постојана посветеност на принципите на демократијата и владеењето на законите, придонесуваат не само за иднината на Северна Македонија, туку и за мирот и безбедноста во регионот, напиша Мајк Помпео во честитката што беше објавена од Стејт Департментот.