Кошаркарите на Мајами се елиминирани без ниту една победа на стартот од плејофот во НБА лигата. Тие беа целосно немоќни во првото коло од плејофот против Милвоки, кој триумфираше со 120:103 и со вкупни 4:0 во серијата го прегази ривалот.

Фантастично издание имаше Јанис Антетокунмбо со 20 поени, 12 скока и 15 асистенции, додека на спротивната страна Адебајо постигна 20 коша.