Матиќ: Од 1 јули за Србите роамингот во Грција понизок од 50 до 99 отсто

177

Српската министерка за трговија, туризам и телекомуникации, Татјана Матиќ, соопшти денес дека од 1 јули годинава за српските граѓани се намалуваат цените за роаминг тарифите во Република Грција, јави доспиникот на МИА од Белград.

-Со примена на Меморандумот за разбирање помеѓу Министерството за трговија, туризам и телекомуникации на Србија и Министерството за дигитална администрација на Грција за намалување на меѓународните тарифи за роаминг, постигнат е успех на српската страна и изразена е висока подготвеност на српските оператори да подготват понуда за пониски тарифи, изјави Матиќ во соопштението на ресорното министерство.

Таа потсети дека Меморандумот, кој беше потпишан во мај годинава, подразбира охрабрување на мобилните оператори да склучат билатерален договор, што ќе овозможи намалување на цените на тарифата за роаминг.

-Како што цените во роамингот во Грција би биле како во националниот сообраќај, очекувам и грчките оператори да излезат со пониски тарифи за услугите што ги даваат. Сепак, благодарение на српските оператори, веќе сега цените за роаминг за нашите граѓани незначително се намалени, и тоа од 50 на 90 отсто за дојдовните и појдовните повици, од 48 на 83 отсто за смс пораките и дури 99,89 отсто за преносот на податоци, изјави министерката Матиќ.