Матиќ бара нов клуб

75

Близок извор до таборот на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, откри дека српскиот интернационалец, Немања Матиќ, сигурно ќе ја промени клупската средина на крајот од актуелната сезона. Искусниот играч за врска нема голема минутажа и најчесто првенствените натпревари ги стартува од клупата за резервни фудбалери. Следна негова дестинација најверојатно ќе биде американската МЛС лига.