Мас: Германија отстрани повеќе земји од „црвената листа“

84

Германија денеска отстрани неколку држави и региони од „црвената листа“ на земји ризични за патување поради коронавирусот.

Меѓу тие земји се САД, Канада, Швајцарија, Австрија и некои региони на Грција, соопшти Институтот за заразни болести „Роберт Кох“.

Новите правила за патување ќе почнат да важат од недела.

– На многу места бројот на заразени се намалува, а се повеќе граѓани се вакцинираат, изјави шефот на германската дипломатија Хајко Мас.

Тој додаде дека по повеќе долги месеци целосен карантин, „можеме да се радуваме на поголем степен на нормализација, а тоа се однесува и на патувањата“.