Маск тврди: Ако се случи апсење,Трамп ќе победи убедливо на изборите во САД

1171
фото: Donald J. Trump Truth Social

Американскиот милијардер, Илон Маск тврди дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп, доколку биде уапсен, ќе победи на изборите во САД.

Новиот сопственик на Твитер напиша дека „ако се случи апсењето, Трамп ќе извојува убедлива победа“.

Трамп денеска преку социјалните мрежи објави дека ќе биде уапсен во вторник бидејќи њујоршкиот обвинител размислува да го обвини во случајот за дава пари на жени кои рекле дека имале сексуални односи со него, за да не излегуваат во јавноста за тоа.

Трамп утрово преку социјалната мрежа Truth Social објави дека „незаконското протекување“ на информации од канцеларијата на окружното обвинителство на Менхетен укажува на тоа дека „водечкиот републикански кандидат и поранешен претседател на САД ќе биде уапсен во вторник“.