Маск го прекина деветдневниот молк на Твитер објавувајќи фотографија од средбата со папата/фото

287

Илон Маск го прекина деветдневниот молк на Твитер, социјалната мрежа која се обидува да ја купи за 44 милијарди долари, објавувајќи фотографија од средбата со папата Франциск.

Најбогатиот човек на светот на Твитер објави фотографија на која стои покрај папата, на која напиша дека му е чест што го запознава, пренесува Ројтерс.

На фотографијата се и четворицата тинејџери на Маск, но не и неговата 18-годишна трансродова ќерка, која се обиде да си го смени името и да ја прекине врската со него.

Маск има вкупно осум деца.

Минатиот месец Маск рече дека има уште неколку работи кои треба да се решат околу купувањето на Твитер.