Спомени….Македонската фолк-ѕвезда пејачот Марјан Коцев емотивно ја растажи нацијата, но и најмногу своите многубројни фанови. Пејачот со одбрани зборови испрати разбирливост за таквите моменти потресителна роденденска честитка за неговиот покоен татко.
„Ех, татко мој! Вчера те немаше да го прославиме твојот 76-ти роденден! Многу фалиш, Мичина мој!“ – напиша познатиот пејач, предизвикувајќи солзи кај секој што ја чита пораката на Марјан. Тој и татко му беа многу врзани, па пејачот сподели и нивна заедничка фотографија, кусо објаснувајќи дека ниту една семејна прослава не можеше да се замисли без присуството на тато Миче.
Марјан Коцев е пејач кој долги години е на самиот врв на македонската музичка сцена, а неговите хитови „Ти, само ти“ или „Бекрија љубовџија“ се и понатаму и по толку години едни од најбараните на македонски свадби и семејни забави. Д.М.