Кумановскиот поп пејач нема време за женидба!

Мартинијан Кириловски е популарен македонски поп-пејач, победник на “Макфестовскиот“ забавномузички фестивал и многу успешен учесник на балканското шоу “Ѕвездите на Гранд“ во кое беше под менторство на Јелена Карлеуша, која постојано му даваше комплименти не само за неговото пеење, туку и за неговиот физички изглед. Во тоа и самите ние деновиве се уверивме кога нашиот кумановец објави летна секси фотографија на која е на базен во бел шорц за пливање. И веднаш доби еден тон восхитувачки коментари од своите обожавателки не само од Македонија, туку и од Србија и Босна.

“Најнепристоен“ предлог би кажале му дојде од една огнена обожавателка од Нови Сад која отворено му се понуди за брак! “Ќе дојдам кај тебе во Куманово, само кажи ми на која адреса си, сакам да ти бидам сопруга“, порача обожавателката. Меѓутоа, Мартинијан културно се заблагодари, тврдејќи дека уште му е рано да се врзува, поубаво му е вака како ерген, сега-засега. А, и кариерата му е на прво место, за бракот ќе размислува тогаш кога ќе се вљуби во вистинската според неговиот избор.

Бидејќи и по завршувањето на „Ѕвездите на Гранд“, Мартинијан максимално и се посветува на својата музичка кариера. Минатиот викенд имавме можност да го видиме и на кумановскиот интернационален “Тамбурашки фестивал“, како гостин. Неодамна ја издаде и својата нова песна (на српски јазик) насловена како „Оквир преваре“. Музиката и текстот се на Видан Караџурковски, а аранжманот е на Иле Спасев. Спотот го режираше Даниел Јовески. Девојката во спотот е убавата Мила Насковска. (Д.М.)