Мартинез го напушта Баерн

22

Играчот за врска Хави Мартинез го напушти Баерн (М), тврди новинарот на „Билд“, Кристијан Фолк. Триесет и две-годишниот Баскиец сака да се врати во Атлетик Билбао, чии бои ги бранеше од 2006 до 2012 година, пред да се пресели кај Баварците.

Од продажбата на последниот играч за врска раководните лица на новиот европски клупски шампион очекуваат заработка не помала од 10 мил. евра. Минатата сезона, Мартинез одигра 24 натпревари на кои доби 3 жолти и 1 црвен картон.

Со Баерн (М) ја освои 8 пати Бундеслигата, 5 Купови и 3 Суперкупа на Германија, два пати го крена трофејот во Лигата на Шампионите, Суперкупот на Европа и Светско клупско првенство.