Марс во знакот Овен ќе им ги заплетка конците на сите

235

Вчера Марс влезе во знакот Овен и тука ќе се задржи до 6 јануари 2021 година. На некој начин, сите знаци ќе имаат позитивни ефекти од оваа енергија со оглед на тоа што Овенот е природно седиште на оваа борбена планета.

По сите замрачувања, ретроградни планети кои не принудуваат да погледнеме во она што не функционира, овој Марс ни овозможува дејствување во насока на подобар живот, промени и напредок.

Тој е борбен, ни дава енергија, мотивација да застанеме зад себе, да го кажеме одлучното „не“ на сето она што е против нас. Преземаме иницијатива. Одиме во нови освојувачки походи и љубовни и деловни.

Овој дух полн со ентизијазам ќе не следи се до 9 септември, кога настапува ретроградната фаза. Таа е последен пат дејствуваше од крајот на јуни до крајот на август во 2018 година додека Марс беше во Водолија. До 14. Септември треба да се подготвите на позабавено дејствување или неможност за остварување на целите.

Марс на своето патување низ знакот на Овен ќе влезе во предизвикувачки аспекти со Јупитер, Сатурн и Плутон во знакот на Јарец, па тие денови посебно бидете претпазливи.

Марс и Јупитер ќе бидат активни во периодот: 3-5.8; 17-21.10

Во овој период ќе бидат на удар финансиите и проблемите со законот. Внимавајте и немојте да не носите непромислени одлуки, ризикот не е исплатлив

Марс и Сатурн 23-29.8; 27.9.-2.10

Чувајте се секаде. Може да дојде до раскинување на врската поради засилена љубомора.