Марота го пикира Тонали

51

Најдобриот фудбалер во дресот на италијанскиот калчолигаш Бреша, Сандро Тонали, е најновата желба на генералниот менаџер на калчо гигантот Интер, Џузепе Марота.

Младинскиот репрезентативец на Италија веќе неколку сезони игра во совршена форма и со право го привлече вниманието на најтрофејните клубови во Серија А.

Главниот оперативец на „нероазурите“ е убеден дека се потребни околу 35 мил. евра за да се осигураат услугите на 19-годишниот играч за врска.