Дома LIFE Марокански палачинки-неодоливо воздушести

Марокански палачинки-неодоливо воздушести

49
Со јајца, без јајца, со млеко или без, на вистинските мајстори во кујната секогаш им успева да го најдат вистинскиот сооднос за вкусни палачинки. Подебели, потенки, или проѕирни како тантела, палачинките се неодоливи и во слатка и во солена комбинација – со кајмак, рендан кашкавал, чоколаден прелив, овошје, или природен мед.

Посебноста на мароканските палачинки е во нивната неодолива воздушестост, во тие неодоливи меурчиња кои се појавуваат на површината при печењето, а тајната за тоа е можеби во посебната состојка – гризот.

Потребно е:

  • 250 г брашно
  • 250 г гриз
  • 1 јајце
  • 1 прашок за печиво
  • 1 вреќиче сув квасец
  • 1 лажиче сол
  • 2 лажичиња шеќер
  • Топла вода за матење

Приготвување:

Разматете го квасецот со малку млака вода. Брашното, шеќерот, солта, гризот и прашокот за печиво измешајте ги убаво, додадете го јајцето и разматениот квасец и со топла вода направете тесто како за палачинки. Откако ќе отстои еден час, измешајте го тестото уште еднаш пред печење.

Загрејте ја тавата и премачкајте ја со малку масло само првиот пат, па ставајте по една лажица-црпалка од смесата, печете ги палачинките на умерена температура само од едната страна.

Ќе видите како се создаваат мали меурчиња и кога ќе биде сѐ суво и одоздола фино заруменето, тогаш палачинката е готова. Печете додека да се потроши смесата. Растопете малку путер и додадете мед па премачкајте ги палачинките, или можете да ги јадете со прелив по желба.