Марија Шерифовиќ се помоли на Свети Василиј Острошки и победи на “Евровизија“ со “Молитва“ – Пејачката ја открива долгочуваната тајна

118

Мега популарната поп пејачка Марија Шерифовиќ после 15 години ја открива долго чуваната интимна тајна. Кога Мара победи на Песна на Евровизија со „Молитва“ и кога стана една од најслушаните пејачки со таа песна, многу странски новинри тогаш а, и сега се прашуваа која е тајната на нејзиниот успех? Имаше доста голем број шпекулации дека зад победата на Марија стои силното светско геј-лоби, но пејачката тоа веднаш и остро го демантираше, велејќи дека се e тоа тотални измислици од страната на завидливата конкуренција.

– Јас јавно кажав дека сум хомосексуално оријентира, тоа не е тајна, ниту тоа е нешто за што треба да дигате врева. Но ова дека за победата на Евровизија ми помогна геј-лобито е таква една невидена глупост, една неверојатна лага која јас со зборивите не можам да објаснам. Еве, само ќе плукнам на тоа озборување, вриеше Марија штитејќи ги своите пејачки квалитети.

Марија открива дека сепак, најзаслужен за таа евровизиска победа е Свети Василиј Острошки. Самата пејачка е длабоко убедена во тоа дека ја зборува вистината. Пред Фестивалот Марија била во манастирот да се помоли за победата, а тоа вродило со плод. Од тогаш, уште од 2007 година, таа ја слави славата Свети Василиј Острошки.

За сега тоа и е единствената победа на Србија на Песна на Евровизија. Со “Молитва“ не само што Марија одлично заработи, туку и државата Србија.  Преку таа песна северниот сосед успеа да привлече огромен број странски туристи кои доаѓајќи во Белград или на Фестивалот во Гуча, обавезно ја нарачуваа “Молитва“.  (Д.М.)