Марија Шерифовиќ – Ако го откријам идентитетот на таткото на син ми, ќе бидам тужена за 10 милиони долари

1519

Строго внимателна!

Евровизиската победничка Марија Шерифовиќ повторно разбранува и крева прав.     Пред се,  не крие колку е среќна што има син (по име Марио), макар и преку сурогат мајка, но исто така е загрижена што за тоа дете сите сакаат сè да дознаат.

– Е, не може сè да се знае, вели Марија. Каква е таа будалштина на луѓето да им кажам, кој е таткото на детето, кој е дарителот на спермата? Ма, дали сте нормални, збеснато се прашуваше Марија.

Српската пејачка беше изнервирана дури и во „Амиџа шоу“ кога му се развика на водителот Огњен Амиџиќ:  – Ма, будало, што сакаш од мене? Да го откријам идентитетот на таткото на моето дете? Не си здрав. Тоа строго се казнува според законот но, и според нашиот писмен договор. Ако кажам, тој човек ќе ме тужи, иако е од Америка. Сега со интернетот се е изводливо. Може во судската постапка да ми побара отштета од 10 милиони долари. Тој е еден опасен лик, фраер со кој не треба да се закачате, објаснила пејачката, а која оваа есен во Скопје ќе одржи голем концерт во „Борис Трајковски“.

– Моите пријателки, жените и бабите од мојот круг, ми рекоа: „Не кажувај многу, космосот слуша сè!“ Нека биде здраво, умно и чесно суштество. Што се однесува до мене, тој може да биде и доктор на науки и вулканизер. Ако е доктор на науки, ќе живее во Беверли Хилс, а ако стане вулканизер, ќе му го купам целиот „Тошин Бунар“! Ќе се трудам да ги слушам желбите на син ми и да бидам негова поддршка, раскажа сега веќе одлутената Марија.