Во медиумите секодневно слушаме или гледаме препораки за разни  напитоци наводно за намалување на телесната тежина. Станува збор за голема маркетинг пропагада за наводно eфикасно и  брзо намалување на килограмите. Некои од тие производи се сериозно скапи, а некои само можат е да наштетат на нашето здравје.

Јас единствено можам да тврдам дека навистина постои  пијалок кој е научно докажан дека кај 99.9 отсто  од луѓето има позитивен бенефит кога е во прашање намалувањето на килограми, а нема да ве чини ниту денар и најважно – ќе ви го зачува здравјето. Тоа е ВОДАТА.

Јас единствено можам да тврдам дека навистина постои  пијалок кој е научно докажан дека кај 99.9 отсто  од луѓето има позитивен бенефит кога е во прашање намалувањето на килограми, а нема да ве чини ниту денар и најважно – ќе ви го зачува здравјето. Тоа е ВОДАТА.

Околу  60 до 70 отсто од нашето тело е составено од вода. Таа е главната компонента на секој дел од телото. Ја има и во коските. Предностите секогаш да бидете хидрирани вклучуваат подобрување на протокот на крв и циркулацијата, подобрување на функцијата на бубрезите, подобрување на крвниот притисок, подобрување на мускулната затегнатост и напнатост, спречување на замор, спречување на сува и кршлива коса, нокти и кожа, спречување на тенки брчки и спречување на предвремено стареење.

За водата се пишува многу за тоа дека е од витално значење е нашето тело, но би сакала да дадам еден интересен пример како водата и помогна на една Госопоѓа која години се бори да намали само неколку килограми.

Во април годинава добив повик од Словенија каде една госпоѓа сакаше консултација околу тоа како да намали само 4 кг. Во пракса, тие испраќаат формулар која се пополнува. Таа меѓу другото требаше да даде одговор што јадела од храна во последните 4 дена, исто така се разгледува нејзинот активен левел и се проверува нејзината здравствена и ментална состојба.

Кога ги разгледав документитете немав никаква забелешка. Таа се хранеше здраво, калоричниот внес беше одличен, здраствената состојба беше одлична, физички активна околу 120-240 минути неделно. Одлучив да направам видео јавување. Кога ја видов на видео-консултацијата веднаш забележав дека нејзиното лице изгледа дехидрирано.

Тогаш единствено што можев да заклучам:

Таа не внесува доволно количество вода, а тоа го спречува процесот на намалување на тежината. Нејзиниот внес на вода беше помалку од 1 литар. Исто така внесот на водата беше лошо распределен преку денот .

Со индивидална пресметка на внес на вода и со правилен распоред и насоки за внес на вода госпоѓата ја достигна тежината и го одржува сега нејзнито тело во целост хидрирано.

Колку вода треба да консумирате?

Вашето тело користи вода во текот на денот.  Таа се елиминира преку потење, урина, движења на дебелото црево, па дури и со дишење. За да се осигурате дека вашето тело функционира како што треба, треба да бидете сигурни дека ја надополнувате водата што ќе ја изгубите со конзумирање пијалоци и прехранбени производи што содржат вода.

Но, точно колку вода ви треба?

Според анализите на Националните академии на науките, инженерството и медицината, потребниот дневен внес на течности за возрасен е следниов:

Жени: 2,7 литри (11,5 чаши)
Мажи: 3,7 литри (15,5 чаши)

Количините вклучуваат вода внесена преку пијалоци и храна. Сепак, оваа количина е ориенатациона. Секако како и многу работи, внесот  на водата зависи од индивидуата.

На пример, на луѓето кои многу се потат или редовно вежбаат може да им треба повеќе вода отколку оние кои не се многу активни. Постарите луѓе и мајките кои дојат исто така треба повнимателно да го следат внесувањето на вода. Исто така зависи од нивната здраствена состојба, годините итн.

Имајте на ум дека добивате вода и од многу храна и пијалоци, како што се кафе, чај, месо, риба, млеко, а особено овошје и зеленчук…

Во повеќето случаи, околу 20 отсто од дневниот внес на течности се добива од храна, а остатокот доаѓа од пијалоци. Ако откриете дека имате главоболка, имате лошо расположение, постојано сте гладни или имате проблеми со концентрацијата, тогаш може да страдате од лесна дехидратација.

Каква вода е најдобра?

Водата од чешма е генерално безбедна за пиењe, се проверува нејзината безбедност и мора да исполнува одредени стандарди.

Филтрирана вода: повеќе хлор и други хемикалии од водата може да се отстранат со употреба на филтер бокал. Овие филтри треба да се заменуваат од време на време. Топлата вода е исто така корисна практика за убивање на штетни микроби.

Дестилирана вода е вода што се загрева додека не се испари, а потоа се собира пареата и кондензирана дестилираната вода во суштина е чиста вода. Додека пиењето дестилирана вода може да изгледа како добро идеја, сепак – не е, бидејќи дестилираната вода нема никакви минерали, па има тенденција да привлекува и да извлекува минерали од нив телото. Готвењето храна во дестилирана вода ги извлекува минералите од храната и ја прави помалку хранлива.

Изворска вода е вода што доаѓа од природни извори на земјата. Повеќето природни води содржат многу на минерали што ни требаат, така што во една смисла овие води се минерални води.

Како да ја пиете водата?

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат повеќе да пиете вода. Неопходно е да се знае колку време пред и по оброкот треба да пиеме вода.

Треба да пиеме вода еден час пред оброк, тоа ќе помогне во варењето и ќе помогне на нашето тело лесно и правилно да ја вари храната. Пиењето вода 40-60 минути пред оброкот ни помага да избегнеме непотребно јадење. Исто така, не треба да пиеме вода веднаш по оброкот; нема да дозволи телото да ги земе сите хранливи материи во храната. Почекајте најмалку 40-60 минути внес на вода за да ги апсорбирате сите хранливи материи во храната.

По будењето наутро, по 6-8 часа сон, органите на телото треба да освежат, треба да земеме 1-2  чаши вода Тоа ќе му помогне на нашето тело во исфрлањето на сите токсини.

Половина час пред појадок треба да пиеме вода, тоа ќе помогне во варењето на храната

Во текот на денот водата да се пие постепено

Треба да пиеме вода по 1 час по вечерата зашто тоа е последен оброк во денот. А храната треба да има малку јаглени хидрати и масни киселини. Вечерата треба да биде лесна.

Треба да пиеме  вода пред спиење  Тоа ќе му помогне на нашето тело да ги исфрли токсините од нашето тело и ќе ни помогне да ги  изгубиме вишокот килограми.

МАРИЈА СОКОЛОСКА ОД ЛОНДОН ЕКСКЛУЗИВНО ЗА „ВЕЧЕР”: Прекумерната тежина во време на корона