Марија Соколовска, нутриционистка: За еден месец ослабев илјадници жени без диета

7189
Жената која во младоста се борела со своите вишок килограми, која преживеала 29 операции, жената која долго била затворена во својата самотија, сега е жена модел – според физичкиот изглед за насловна страница, според менталниот – силна и храбра која мотивира илјадници како да бидат  задоволни од себеси. Марија е Македонка од Кочани, етаблирана нутриционистка во Лондон, со десетици дипломи од најпрестижни школи за здравје, храна и фит изглед.

 

Животната приказна на Марија Соколовска (39 год.) од Лондон е филм за „Оскар“, а тоа што сега го прави е за награда за животно дело. Марија е Македонка од Кочани, етаблирана нутриционистка во Лондон, со десетици дипломи од најпрестижни школи за здравје, храна и фит изглед. Од моментот кога пандемијата со коронавирусот го зафати светот, таа реши целото свое време и знаење да го посвети исклучиво на едукација и помош на жените во нејзината родна Македонија, како да ослабнат без да бидат гладни, да бидат здрави и да имаат одлична кондиција – и сето тоа бесплатно. Секојдневно во 10 часот пак преку социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“, на илјадниците следбеници таа во живо има дава инструкции за физички вежби, подготвува храна од која се слабее, дава совети. И бројните коментари потврдуваат -методот на Марија во само еден месец направи илјадници жени среќни. А се почнува од чај кој таа ќе ви ги препорача. Мојот е микс од зелен чај, ѓумбир и босилок.

Им помагам на жените од Македонија 

За тоа како нејзиниот метод за ефикасно слабеење од Лондон се рашири во нашата земја со брзина на светлината, таа вели:

Во вакви тешки времиња носталгијата е нормално да е многу поголема и грижата за блиските уште посилена. Решив да направам групи на социјалните мрежи „Инстаграм“ и „Фејсбук“ за да бидам поблиску до моите пријатели истовремено да ја одржувам секојдневната рутина. Целта беше да се дружиме, да зборуваме за храната и да вежбаме. На една од групите на социјалните мрежи една членка бараше совет и препорака за еден препарат за слабеење. Јас кога го видов препаратот како се нуди во несоодветна амбалажа, направен од несоодветни состојки, напишав коментар да не си ги трошат парите, а најмногу да не го трошат своето здравје. Ѝ препорачав природен и бесплатно, односно тоа што го давам на моите клиенти додека се во процес на слабеење.

– Сето ова почна многу спонтано и не одамна. Јас работам во Лондон како специјалист за губење на телесна тежина само за жени, па поради ковид-19 наеднаш имав многу слободно време. Во вакви тешки времиња носталгијата е нормално да е многу поголема и грижата за блиските уште посилена. Решив да направам групи на социјалните мрежи „Инстаграм“ и „Фејсбук“ за да бидам поблиску до моите пријатели истовремено да ја одржувам секојдневната рутина. Целта беше да се дружиме, да зборуваме за храната и да вежбаме. На една од групите на социјалните мрежи една членка бараше совет и препорака за еден препарат за слабеење. Јас кога го видов препаратот како се нуди во несоодветна амбалажа, направен од несоодветни состојки, напишав коментар да не си ги трошат парите, а најмногу да не го трошат своето здравје. Ѝ препорачав природен и бесплатно, односно тоа што го давам на моите клиенти додека се во процес на слабеење. Во истиот момент добив барање за пријателство од илјадници други кои бараа совет. Им препорачав чај и добивав пораки дека слабеат. Многу брзо од 1.000 станаа 5.000 следбеници, па затоа морав да отворам и fun page за да можам да помогнам на сите кои бараат помош. Потоа бараа совет за храна, па затоа решив секој ден во 10 часот со моите следбеници да слабееме и да се дружиме и да ги советувам, ни раскажа Марија за почетокот на онлајн дружбите со жените од нејзината татковина.

– Јас им давам целосна слобода на жените што сакаат да јадат. Тие јадат и слабеат. Немаат рестрикции, немаат откажувања, нема апчиња за слабеење. Мојот метод е распределба на оброците, комбинација на храната, времето на консумирање, а голем фактор е и водата. Треба да се знае како и кога се пие. Најбитно е прво детална анализа која ја правиме и нормално, психичката подготвеност на клиентот, детерминираноста и издржливоста, категорична е Марија.

Ни објасни дека нејзиниот метод на слабеење не се базира на крвна група или крвна анализа, туку на друг вид анализа, за нас нова и несекојдневна.

– Кога работам индивидуални планови, мојот метод бара целосна анализа, меѓутоа не се базира на крвна слика туку анализа со која се разгледува тежината, висината, годините, генетиката, боди типот, фамилијарната историја, се прави стрес левел тест, а потребни се и многу други параметри. Обично анализата трае околу еден месец пред да се почне со процесот на слабеење и да му се одреди точна програма за слабеење на клиентот. Сега преку социјалните мрежи ми праќаат само описи, параметри и со мали корекции жените слабеат, ни објасни.

Смета дека Македонките имаат многу добра генетика и среќна е дека резултатите од придржувањето на препораките даваат видливи резултати.

– Јас сум изненадена од нивото на свеста за здравјето, од големата желба, детерминираноста и издржливоста на жените во Македонија. Има жени во групата кои направија одлични резултати кога е во прашање намалување на обемот и во килограми без разлика на возраста. Нивната среќа и успех за мене се најголемиот подарок во моментов. Иако е непрофитабилно, јас сепак сум многу среќна и мотивирана, бидејќи на овој начин го одржуваме во форма здравјето, односно енергијата, духот па телото, мотивирана е Марија.

Животна приказна за роман

Знае да каже дека нејзината животна приказна е за роман. И навистина е така. Еве ја накусо. Родена е во Македонија, сега има 39 години и е вистинска убавица, со топ физички изглед. Но, животот воопшто не ѝ бил лесен. На шест месеци, како бебе, се здобива со изгореници по телото од 60 отсто, има 29 операции, па во еден период дури е и физички неактивна. Студира и  дипломира меѓународна дипломатија, мажена е, мајка на едно прекрасно девојче. Во 2008 година заминува во Англија.

– Во Англија почнав да работам во компанија за кетеринг каде што станав љубител на храната и готвењето. Но дебелината почна да ми пречи, дури имав и здравствени проблеми. Во 2011 почнувам борба со килограмите и работам за моја лична трансформација. Одев по вежбалници и барав начини како да ослабам. Сето тоа ме доведе на курсот за нутриционисти. И тогаш почна сè. Од тогаш до сега завршив 9 курсеви и уште учам, вели Марија која има многу повеќе од знаење.

Дури девет сертификати од престижни школи со најпознати меѓународни предавачи, се сериозна верификација дека многу знае и многу може кога е во прашање слабеењето и здравјето на луѓето. Специјалист е за жени.

– Специјализирав за консултант за слабеење на жени. Од тогаш работам со пасија, со љубов и уживање. Мојот метод е “Eat the reinbow”, кој функционира кај 99 отсто од жените заедно со мојот магичен чај за слабеење, вели Марија.

Смета дека е важно килограмите побрзо да се губат зошто тоа мотивира, но дека нејзиниот метод не познава броење на калории.

– Јас им давам целосна слобода на жените што сакаат да јадат. Тие јадат и слабеат. Немаат рестрикции, немаат откажувања, нема апчиња за слабеење. Мојот метод е распределба на оброците, комбинација на храната, времето на консумирање, а голем фактор е и водата. Треба да се знае како и кога се пие. Најбитно е прво детална анализа која ја правиме и нормално, психичката подготвеност на клиентот, детерминираноста и издржливоста, категорична е Марија.

Свесна е дека нејзиниот метод за слабеење е широко распоространет низ Англија, а од неодамна и во Македонија.

– Имам илјадници следбеници. Од нив многумина ми станаа и пријатели. Особено сега, откако сме во карантин си споделуваме најубавите моменти. Додека сите инвестираа во нешто друго, ние, јас и моите следбеници инвестиравме во нашето здравје, менталната издржливост а тоа пак ни донесе многу среќа. Ќе го издржиме карантинов во кој многу креативно размислував, па сега имам многу идеи кои чекаат да ги реализирам. Требаше време да се адаптирам на овој систем на онлајн часови. Но сè е супер, се дружиме и уживаме и нормално слабееме. До лето сите да имаме одлично здравје и да бидеме здрави и нормално – многу фит, вели темпераментната Марија

Мојот метод за слабеење “Eat the reinbow” наскоро во книга 

– Мојата книга ќе го покаже методот на трајно губење на вишокот телесна тежина кај жените. Во неа пишувам за начинот како да се дојде до саканата тежина без да се гладува. По категории, според возраст, генетика и типови, ќе има упатства како секоја жена да го пронајде клучот за својот боди-код и трајно да го реши проблемот со зголемена тежина. Ќе има и рецепти за слабење, односно појадок, ручек и вечера кои се подготвуваат од 7 до 10 минути, а сè пред се здрави. Ќе има и рецепти за детоксикација преку чаеви, односно тоа ќе биде книга која ќе го покаже патот кон трајно слабеење, вели Марија.


Лилјана Грџо Дамовска