“Марија” направи хаос во Порторико, Шарапова ќе ги спасува

21

Руската тенисерка, Марија Шарапова, моментно е во Порторико за да им помогне на најзагрозените лица на Карибите кои изминатиов месец беа погодени од двата урагани “Ирма” и “Марија”. Поради оваа непогода 90 % од населението остана без струја, како и без потребните материјали за егзистенција.

Шарапова минатата година беше во посета на оваа земја и во Сан Хуан одигра ревијален натпревар против олимписката шампионка Моника Пуиг, додека беше суспендирана поради користењето на недозволиви супстанци, па поради тоа, прифатила да им помогне на жртвите.

  • Ова се повици кои не можам да ги одбијам. Моника веќе има собрано околу 150.000 долари, но тоа не е доволно. Видов луѓе кои немаат ниту основни средства за живот, па затоа, неопходна им е помош, изјави Шарапова.

Освен што повторно ќе одиграат ревијален натпревар против Пуиг од кој ќе собере пари за најзагрозените, таа воедно помина низ неколку места во Порто Рико каде што делеше храна.

Двете тенисерки делеа храна, вклучувајќи и 1000 соларни светла/радио сигнали, 1250 гасни печки, лекови за детската болница Сан Хорхе и многу други работи. Дополнително, беа поделени 200 мобилни телефони, кои воедно се донација од страна на ATT (спонзорот на Пуиг), како и претходно спакувани кеси со намирници обезбедени од Црвениот крст и Фондацијата Рики Мартин.