Пејачот Маријан Стојаноски стана татко, откако неговата сопруга Наташа, синоќа на свет ја донесе ќеркичката Вероника. Оваа убава вест тој ја сподели на социјалните мрежи.

Пејачот својот приватен живот го чуваше далеку од очите на јавноста, а долго време не е присутен на македонската естрадна сцена.

Маријан и Наташа се верија во декември, минатата година.