Маричиќ: Опозицијата да се вклучи во барањето решенија за кризите, а не да штети со блокади и барања за избори

12

Ние и досега учествуваме во една ситуација во која опозицијата блокараше. Секогаш сме биле отворени за дијалог и сега сме во однос на одредени закони, но и генерално, изјави вицепремиерот Бојан Маричиќ во интервју за Телма.

Тој посочи дека вчера на една дебата, имал прилика, како што рече, да го повикам Александар Николоски од ВМРО – ДПМНЕ, како претседател на Националниот совет за европски интеграции да свика седница на советот, да разговараме за сите овие и други прашања што се битни за воспоставување на дијалогот.

– Владата има должност во овие тешки моменти, кога имаме криза на масата да постапува одлучно и да се грижи за што повеќе закони бидат донесени во интерес на граѓаните. Опозицијата за жал има деструктивна позиција со цел да изнуди вонредни избори кои што нема да ги предизвика, а ќе нанесе голема штета на граѓаните, дополни вицепремиерот Маричиќ.