И по 11 години од смртта на Милош Радуловиќ, синот на Марина Туцаковиќ, една од најпознатите авторки на песни во регионот, таа не знае од што починал тој.

Токму Марина го пронашла неговото тело во семејната куќа во Белградм а за тоа за првпат проговори дури минатата година. Тогаш призна дека не сакала да ги дознае резултатите од обдукцијата.

-Влегов во неговата соба и го затекнав она што го затекнав. Тогаш Милош имаше 24 години. Тоа беше на 1 декември. Секогаш имав страв дека нешто ќе му се случи. Ќе појде детето на екскурзија па се плашите како ќе стаса. Секогаш имате стравови за луѓето што ги сакате, вли Марина, а пренесува Курир.

Таа додава дека и покрај постојаната грижа, таа кобна вечер немала никакво лошо претчувство.

-Тој беше толку весел, толку се смеевме, навистина немав лошо претчувство. А претходно имал толкави стравови… И ете се случи она на што не се надевав. Не го очекував тоа, вели таа.

Туцаковиќ опишува дека Милош пошол да спие и повеќе никогаш не се разбудил, а кога го пронашла повикала брза помош, но тие можеле само да констатираат смрт.

-Милош едноставно не се разбуди. На пладне беше здрав и прав, се беше нормално. Стана да се напие вода и ми рече да го разбудам после четири за да оди на фризер и да се подготви за излегување. Ама кога влегов во собата да го разбудам, го најдов неподвижен. Прстите веќе му беа модри. Не знам што се случи… Не знам дали има нешто пострашно од тоа да го најдете своето дете како неподвижно лежи во креветот, вели Марина.

Таа вели и дека никогаш не сакала да ги види резултатите од обдукцијата.

-Што мис значи тоа? Дали било срцето, или нешто зел… Каква врска има. Не би е битно тоа. Јас со тие деца бев 24 часа дневно, водев сметка, но ете, друштвото ги завлече…, раскажува.

Многумина не знаат дека на синот му има посветено една песна која стана голем хит. Тоа е песната „Мишо мој“ што ја изведува српската пејачка Ана Николиќ.