Маратонска пливачка без прекин четири пати го преплива Ламанш

46

Американската пливачка Сара Томас стана првата која дури четири пати, и тоа без застанување, го преплива каналот Ламанш.

Томас лани го победи ракот на дојката, и испрати силна порака до сите жени кои водат борба со тешката болест.

Таа пливаше 54 часа и 10 минути во студените води на англискиот канал чии силни морски струи ја примораа да исплива дури 210 километри, иако патеката требаше да биде 130 километри.

„Најтешко ми беше да се борам со солената вода. Устата и грлото ми отекоа, но луѓето во екипата многу ми помогнаа. Водата беше студена, но мислев дека ќе биде уште пониска температурата”, рече Tомас.