Манчестер Јунајтед го нуди Роналдо на Јувентус

59

Претставниците на Манчестер Јунајтед, кои работат на трансферот на играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио, му понудиле на клубот од Торино да го ангажира напаѓачот Кристијано Роналдо.

Ова информација на објави новинарот Паоло Паганини, според кој, Јувентус се откажал од 37-годишниот Португалец, но клубот и понатаму добива многу повици од неговиот агент Жорге Мендеш.

Да потсетиме дека Роналдо играше за „старата дама“ од 2018 до 2021 година. Минатата сезона напаѓачот постигна 24 гола и даде 3 асистенции на 39 натпревари за Јунајетд. Неговиот договор со клубот е до 30 јуни 2023 година.

Рабио му се приклучи на Јувентус од ПСЖ на 1 јули 2019 година. Играчот од средниот ред учествуваше на 45 натпревари за Торино во сезоната 2021/22, на кои имаше две асистенции. Договорот на 27-годишниот Французин со калчолигашот е со важност до летото 2023 година.

Претходно во англиските медиуми беше објавено дека Манчестер јунајтед постигнал договор со Јувентус за трансферот на Рабио.