Манчевски за „Медена земја“: Државата да им овозможи пристојна работа

873

Реномираниот македонски режисер Милчо Манчевски кој пред екипата на “Медена земја“ беше и единствен номиниран од Македонија за оваа престижна награда со својот филм “Пред дождот“, се огласи на социјалните мрежи по повод големиот успех на македонскиот документарец кој за Оскар се бореше во категоријата документарен и интернационален филм.

„Она што е најважно е државата и заедницата, на овие млади луѓе, кои очигледно се многу добри, кои сами си го направија филмот, да им овозможи да работат пристојно. Да работат без политички притисоци и без пакосници од културниот и политичкиот естаблишмент“, напиша Манчевски.