Манчевски во самоизолација, бил на средба со Зекири

104

Поради средба со Мухамед Зекири, во самоизолација оди и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

„Согласно препораките на епидемиолозите, поради средбата со мојот другар и колега Мухамед Зекири, во наредните девет дена ќе бидам во самоизолација.
На средбата беа применувани здравствените протоколи, но сепак препораките на здравствените експерти се најважни и мора да ги почитуваме.

На Муки и семејството им пожелувам брзо закрепнување. На сите други Ви посакувам добро здравје, напиша Манчевски на Фејсбук.