Малку фалеше да го загубиме Лионел Меси

88

Иако имаме чувство дека знаеме ама баш се за Лионел Меси, има детали од неговиот живот за кои многу малку се збори. Легендата за “Божјата рака” на Барселона, започна кога аргентинскиот интернационалец имаше 18-години, но пред да дојде на големата сцена, Меси беше жртва на насилство и важеше за дете кое ветува, но без големи шанси за успех. Кога наполни 9-години, Меси беше висок само 127 см. Неговите желби се рушеа како кула од карти, затоа што неговите родители ја немаа потребната финансиска моќ за лекарскиот третман. Малку фалеше фудбалската историја да остане без неговото име.

Еднокринологот Диего Шварцтајн, кој работел и како советник во лекарската служба на Њуелс Олд Бојс, каде што тренираше Меси, го тестираше малиот Лео, а резултатите покажаа дека станува збор за адолесцент кој не сака да влези во пубертетот. Меси секој ден две и пол години добиваше хормонска терапија. За жал, потоа неговите родители немаа пари за да ја продолжат терапијата. После многу натегања, Меси заминува во Барселона, каде клубот ги покрива сите трошоци за лечење. Неколку години подоцна, под водство на Аргентинецот, каталонскиот гигант освојува четри титули во Лигата на шампиони.

Иако е фудбалска легенда, Меси важи за скромна личност и покрај вонсериската заработувачка и постигнатите резултати. Аргентинецот е целосно посветен на фудбалската топка, а тајната за неговиот магичен удар се крие во острите но истовремено и лесни потези за кои се заслужни неговите адидас копачки.

Дизајнерот на адидас фудбалската линија Марк Илан и менаџерот Филип Хагел открија дека компанијата работи на тоа аргентинскиот магионичар секогаш го има најдоброто “орудие за работа”.

Овој двоец, заедно со Меси, ги креираат и ги тестираат сите идеи кои биле реализирани од фудбалерот на Барселона.

  • Долго време работевме со Меси и после сите овие години ние создадовме копачка која го дефинира неговиот стил на игра и Лео е многу задоволен од конечниот производ, изјави Марк Илан.
  • Ние тоа го нарекуваме отпечатокот на Меси, додава Филип Хагел.

НЕМЕЗИЗ 18+ 360 АГИЛТИ во соларна жолта боја од оваа година ќе биде носен од најпознатите фудбалери на планетата, на чело со Аргентинецот. Дизајниран со цел да ги подобри перформансите, дури и на најжестоките играчи, последната верзија НЕМЕЗИЗ ја вклучува и препознатливара АГИЛТИ БАНДАГЕ технологија која е додатно унапредена и обезбедува ултимативна стабилност на стапалото. Двојната заштита цврсто го држи зглобот и му овозможува експлозивна промена на правецот на движење, додека АГИЛТИ КНИТ 2.0 иновација, базирана на испреплетената структура на влакната, овозможува меко одење.