За некого среќата е во малите нешта. За други во мирот и во спокојството. Што велат ѕвездите за тоа? За Раковите среќата се крие во поддршката од саканите луѓе. За Биковите среќата е во нив самите. Рамнотежата го прави посреќен животот на Вагите…
Еве што го прави среќен секој хороскопски знак:
ОВЕН
Имајте на ум дека никој не се совршен, па ни вие, Ослободете се од тој внатрешен притисок дека мора да бидете број 1 во се и да им бидете на сите на располагање 24 часа на ден. Колку побрзо го сторите тоа, побрзо ќе се прифатите себе си со своите мани – и ќе бидете среќни и опуштени.
БИК
Битете си сами на себе најдобар партнер и потпора! Не очекувајте постојано од другите луѓе да ве усреќуваат. За да бидете среќни и комплетни, најважен треба да ви биде односот што го имате сами со себе – тоа може да биде најљубезниот и најпрекрасен однос во вашиот живот. Кога еднаш ќе го сфатите тоа, ќе имате многу „поздрави“ и посреќни односи и со другите луѓе.
БЛИЗНАЦИ
Време е да се оддалечите од површните разговори и да си допуштите себе си длабоки разговори со луѓето околу вас, ќе видите каде ќе ве однесе тоа. Кога еднаш ќе се отворите пред своите пријатели и пред луѓето што ви се важни, ќе создадете силни и трајни врски, а тоа е она што секого го прави среќен.
РАК
Опкружете се со оптимистички, грижливи луѓекои ќе ве поддржуваат во остварување на вашите соништа и ќе ве тешат кога сте тажни. Еднаш кога ќе ја почувствувате поддршката и сочувството од другите, ќе имате впечаток дека цел свет е ваш и може да постигнете се што сакате. Позитивните вибрации водат кон позитивен живот!
ЛАВ
Дарувајте дел од својата енергија и време на нешто што е поголемо од вас. Хуманитарна работа ќе ви даде можност несебично да го делите своето најголемо богатство, а тоа е вашето срце. Ако почнете да им помагате на другите, набрзо ќе бидете горди на сопствениот великодушен дух полн со љубов и ќе бидете исполнети и среќни.
ДЕВИЦА
Престанете постојано да им угодувате на другите и почнете конечно да мислите на себе! Оној момент кога ќе се ослободите од потребата за константно усреќување на другите и ќе поставите некои граници, ќе почувствувате дека луѓето конечно, ве почитуваат. Научете да кажете „НЕ“ и слободно изразете го своето мислење, тоа ќе ви ја зголеми самодовербата.
ВАГА
Пронајдете рамнотежа во своите секојневни активности, тоа е клуч за посреќен живот. Ослободете се од навиката за претерано посветување на еден начин на размислување или на една одредена задача. Најдете време за опуштање и за дружење со пријателите. Одморајте го почесто и телото и умлот. Разноликоста на енергиите во текот на денот ќе ве направи посреќени, поконцентрирани и енергетски помирна личност.
ШКОРПИЈА
Склони сте во себе да носите и да негувате причини зошто некој ви замерил или сте си замериле сами на себе, можеби поради некој пропуст или грешка, а тоа не води кон среќа. Иако можеби за тоа не сте свесни, тоа е товар кој постојано ве оптоварува и ви создава проблеми и во личните односи. Научете да простувате и да заборавите- и на себе и на другите, и продолжете понатаму. Кога ќе се ослободите од тие замерки од минатото, ќе може да го живеете на најдобар наќин својот живот во сегашноста.
СТРЕЛЕЦ
Научете се соочувате со фактите и да расправате за нив ако е потребно. Пред да се судрите со некого, обидете се тоа да го решите со мирен разговор. Кога еднаш ќе прифатите навика на мирно решавање на различни ситиации, ќе откриете дека прескокнувањето на „драмите“ ви овозможува да живеете со полна плуќа – и ќе бидете посреќни.
ЈАРЕЦ
Одвоете време за работа, но посветете се и на личниот живот кога ќе заврши работното време. Научете да го исклучувате телефонот навечер и да престанете да ги читата мејловите и пораките во текот на наредниот викенд. Фокусирајте се на поважни работи, на семејството и на пријателите бидејќи тие се тие што ви носат вистинска среќа.
ВОДОЛИЈА
Не дозволувајте никому поради него да се чувствувате како да не сте доволно добри!Кога еднаш ќе ја прифатите вашата помалку необична личност и тоа ќе го кажете отворено, ќе почувствувате самодоверба. Прифатете се себе си онакви какви што сте , па и другите ќе го сторат тоа.
РИБА
Загриженоста околу иднината ве кочи да живеете во овој момент, а времето и годините поминуваат. Обидете се помалку да се фокусирате на утре, а повеќе на денес. Тоа ќе ви помогне да се разведрите, да бидете посреќни и да уживате сега и овде.