Малку да се насмееме: Саша Ковачевиќ ја загубил невиноста на 15 години

183

Верувале или не?

Српскиот, воедно и балкански музички заводник, мускулестиот Саша Ковачевиќ, неодамна ја изнасмеа публиката кога откри пред ТВ-камерите дека ја загубил невиноста на своите тинејџерски 15 години. Верувале или не!

– Само што ми израснаа мустаќите и малку брадата, јас имав огнена средба во кревет, со една постара девојка. Таа ми ги откри убавините на сексот, убавините на животот. Сè си знаеше, јас само уживав. Оттогаш не се смирив во тој поглед. Во секоја женска гледав потенцијален извор за интимна средба. Но, не секоја ме привлекува.

Сакам девојки со бујни гради, долги нозе, дебели усни, тенко газе, зелени очи. И да е духовно комуникативна, полна со позитивни вибрации. Оние што постојано негодуваат и префрлаат, веднаш ги откачувам – вели Ковачевиќ, кој го користи времето во овие жешки летни денови на плажа.

Многу сака да плива и секоја женска што ќе го види во шорцови за капење, не останува рамнодушна. Саша е постојано во вежбалница, посветувајќи многу време на својот физички изглед.

Инаку, Саша веќе неколку години е во хармонична врска со Зорана Тасовац, која има ќерка со Богдан Срејовиќ, поранешното момче на фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ. Со оглед на тоа што пејачот и убавата Зорана веќе подолго време живеат заедно, многумина се прашуваат дали тој ќе ѝ предложи брак?

– Новинарите постојано шпекулираат нешто. Јас и Зорана сè уште не сме расположени за брак. Тоа е така сега-засега. Вака ни е поубаво, хартијата ништо не ни значи. Нашите карактери совршено функционираат, а тоа е најважно – рече Саша, со што ја разреши фамата за брак со Зорана.   Д.М.