Мали тајни на големите мајстори: Никогаш не фрлајте ја, таа е „течно злато“

65

Водата во која се готват тестенините е тајна состојка на која многумина забораваат.

Таа вода е полна со скроб и, без оглед колку ви изгледа непривлечно и матно, таа е клучната состојка за приготвување совршен сос. Вистинските мајстори на кујната ја нарекуваат „течно злато“ токму затоа што само две-три лажици од неа се доволни кој било сос да го претворите во највкусен додаток за секоја паста.

За совршена скробна вода треба да се внимава во колкаво количество вода се варат тестенините. Не смее да има премногу бидејќи целта е во водата да се задржи што повеќе скроб. Затоа во тенџерето треба да се налее онолку вода колку да се прекријат тестенините. Штом ќе бидат сварени, потребниот скроб останува во водата.

Скробот му дава свиленкасто богатство на сосот, а солта додава вкус. Прелејте ја преостанатата вода во калапи за мраз и чувајте ја во фрижидер за замрзнување.

Секој пат кога ќе приготвувате сосови, рижота, гулаш или супи додавајте по две коцки замрзнат скроб и јадењето ќе добие сосема нова димензија.