Малишиќ: Може да се случи лебот да го снема од пазарот!

125

Горан Малишиќ од мелничко пекарската индустрија во емисијата „24 анализа“ предупреди дека лебот може да го снема на пазарот поради големите загуби на фирмите што го произведуваат. Тој истакна дека можело да се најде начин да се превенираат проблемите со замрзната цена, и дека немаат профит и се во загуба.

– Во индустриските пекарници кои произведуваат 15 000 леба, загубите се многу големи. Таа компанија нема да издржи загуби. Тоа се енормни загуби, а мелничко-пекарската индустрија работи со најмали маржи. Ја поздравуваме мерката за јавно добро, но имаме голем проблем во пекарската индустрија, да не се случи до тотален колапс на индустријата. Може да се случи лебот да го нема на пазарот поради тие загуби на фирмите кои го произведуваат. Ако се задолжуваш по банки, која ќе те кредитира ако работиш со загуби – вели Малишиќ.