Малината: „Aфродизијак“ од редовите на овошките

78

Малината е нискокалорично овошје, па можете да го консумирате без ограничувања во количините, а и сокот од малина е подеднакво корисен.

Малините се познати и како „афродизијак“ меѓу овошките затоа што содржат големи количини на витаминот Ц и Е, а тоа се витамини кои влијаат на зајакнувањето на сексуалниот нагон.

Ова црвено овошје содржи супстанца наречена бета-ситостерол, па редовното конзумирање на малини или сок од малини, освен што го зајакнува либидото, ги спречува и проблемите со простатата.

Придобивките од малината се повеќекратни; сокот од малина често се користи за настинки, а содржината на целулоза во неа ја прави идеален прочистувач на желудникот. Богата е со органски киселини, пектин, целулоза, витамин Ц, витамини А, Б2, ПП, а освен тоа, содржи кумарин кој го нормализира згрутчувањето на крвта и антоцијанини, кој помага во зајакнување на крвните садови.

Богати се со бакар, железо и фолна киселина.

Пектините во сокот од малина помагаат во отстранување на штетните материи од организмот – жолчни киселини, соли на тешки метали, радионуклиди, холестерол.

Малините се неопходни за спречување на атеросклероза.

Сок од малина не се препорачува за болести на црниот дроб и алергии на влакнести плодови.

Ако имате проблеми со кожата, сокот од малина е неопходен помошник во разубавувањето. Ако имате црни точки и мозолчиња, измешајте сок од свежи лисја од малина и путер во сооднос од еден до четири додека не изгледа кремасто. Се нанесува на лицето секоја вечер до целосно отстранување на црни точки и мозолчиња.