EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Актуелниот светски шампион, Холанѓанецот Макс Верстапен, победи со својот Ред бул на трката за Големата награда на Италија, 14. трка од Светскиот шампионат во Формула 1. Холанѓанецот ја постигна 47. победа во кариерата, 12. оваа сезона и рекордната 10. по ред.

Со тоа, Верстапен стана првиот возач во 73-годишната историја на Ф1 кој десет пати по ред се нашол на највисокиот подиум. Минатата недела го израмни рекордот на Себастијан Фетел од девет победи од 2013 година, а сега отиде чекор понатаму.

  • Не верував дека се можно остварливи 10 последователни победи – изјави Верстапен со насмевка.

Второто место го освои неговиот тимски колега, Серхио Перез, додека трет беше Шпанецот Карлос Саинц во Ферари, што е негов прв подиум сезонава откако стартуваше од пол-позицијата и водеше до 15. од 51 круг.

Верстапен, исто така, ја зголеми предноста пред Перез на 364 поени, 145 поени предност на осум трки до крајот. Алонсо е трет со 170 бода.