Макрон ја обновува борбата за универзално укинување на смртната казна

20

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска најави дека ќе ја рестартира борбата за, како што рече, универзално укинување на смртната казна и дека ќе организира состанок на највисоко ниво за да ги „убеди“ лидерите на земјите кои се уште ја применуваат „итно да ја укинат“.

„Ви објавувам овој 9 октомври 2021 година, дека Франција ќе ја продолжи борбата за универзално укинување на смртната казна“, рече Макрон во говорот во Париз по повод 40 -годишнината од укинувањето на смртната казна во таа земја.

Тој рече дека во рамките на француското претседателство со Европската унија во првата половина на 2022 година, Франција ќе организира, во Париз, заедно со невладината организација „Заедно против смртната казна“ (Ensemble contre la peine de mort), средба на цивилни општества на држави кои се уште ја применуваат таа казна за да ги убедат нивните водачи во важноста и итноста за нејзино укинување.

Макрон потсети дека Франција беше 35-та земја во светот што ја укина смртната казна во 1981 година. Тој рече дека до денес, 106 земји ја укинале таквата казна и дека 50 го почитуваат мораториумот за нејзино извршување.

Тој изрази жалење што 483 лица беа погубени во светот во 2020 година

Смртната казна се уште не е укината, меѓу другите земји, во Кина, САД и Индија.