Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повторно му ветил на својот колега Володимир Зеленски дека ќе и ја обезбеди „сета потребна помош на Украина за враќање на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет“, соопшти Елисејската палата.
Во телефонскиот разговор, Емануел Макрон „извести за координацијата на воената помош на Европа за да може да одговори на долгорочните потреби на Украина“, додаваат од кабинетот на францускиот претседател, додека Киев најавува подготовки за сеопфатна контраофанзива за ослободување на територии под руска окупација.
„Двајцата претседатели разговараа и за претстојните меѓународни состаноци и како тие би можеле да придонесат за зајакнување на меѓународната помош за Украина, да ја потврдат нејзината европска перспектива и да ја промовираат безбедноста и стабилноста во Европа“, додаде Елизеј.