Макрон ги собра на софра кралот Чарлс, Хју Грант, Мик Џегер, Арсен Венгер…

194
EPA-EFE/BENOIT TESSIER

Британскиот крал Чарлс во средата пристигна во тридневна државна посета на Франција. Кралот и неговата сопруга Камила беа почесни гости на државната вечера во Версај, а на менито имаше син јастог и француски и англиски сирења.

„И покрај Брегзит и бидејќи нашите врски се толку стари, знам дека ќе продолжиме заедно да пишуваме дел од историјата на нашиот континент“, рече францускиот претседател Емануел Макрон во здравицата.

На приемто беа поканети околу 160 гости, меѓу кои британскиот актер Хју Грант, рок ѕвездата Мик Џегер, францускиот милијардер Бернард Арно и поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер.

Чарлс и неговата сопруга беа пречекани на аеродромот „Орли“ од премиерката Елизабет Борн, а потоа присуствуваа на церемонијата во Триумфалната капија, каде им оддадоа почит на француските и британските војници кои загинаа во двете светски војни.

Тие денеска заедно со Макрон и неговата сопруга Брижит ќе ја посетат катедралата Нотр Дам, која се обновува по пожарот во 2019 година. Потоа во петок ќе го посети Бордо каде ќе посети органско лозје.

Кралот, кој течно зборува француски, како и неговата мајка, покојната кралица Елизабета, ја гледа оваа посета како можност за обновување на односите меѓу двете земји, кои се нарушени од хаотичниот „Брегзит“.

„Мораме да го зајакнеме нашето пријателство за да одговара на предизвиците на 21 век“, рече Чарлс на здравица на гала вечерата.

Чарлс планираше да ја посети Франција во март, но посетата беше одложена поради масовните протести во Франција поради пензиските реформи. Тоа требаше да биде негова прва државна посета како крал.