Македонци мамeле луѓе по Далмација, украле над 26.000 евра

41

 

 Хрватската полиција во Сплит уапси двајца постари државјани на Македонија под сомнение дека извршиле пет измами и тешка кражба. Тие им приоѓале на постари лица, правејќи се дека не се познаваат и дека им е потребна помош при преводот, објасни полицијата. Откако ќе го оствареле првиот контакт со оштетениот, еден од нив се жалел на тешката материјална состојба и ќе му покажел лажен златен часовник. Му го нудел за пониска цена објаснувајќи дека му се потребни банкноти со банкарска потврда иако тој има пари за кој нема потврда од банката.

 

Хрватската полиција уапси двајца постари државјани на Македонија под сомнение дека извршиле пет измами и тешка кражба, предизвикувајќи материјална штета од 200.000 куни (нешто повеќе од 26.000 евра), соопшти сплитската полиција.

Како што  јавува ХРТ, станува збор за 76 и 68-годишни лица од Македонија кои извршиле пет кривични дела измама во август и септември на подрачјето на Сплит, Трогир и Примоштен.

Тие им приоѓале на постари лица, правејќи се дека не се познаваат и дека им е потребна помош при преводот, објасни полицијата. Откако ќе го оствареле првиот контакт со оштетениот, еден од нив се жалел на тешката материјална состојба и ќе му покажел лажен златен часовник. Му го нудел за пониска цена објаснувајќи дека му се потребни банкноти со банкарска потврда иако тој има пари за кој нема потврда од банката.

„Кога оштетените ќе ги донеле парите и ќе ги предаделе, тие им покажувале на оштетените дека ставаат плик со своите пари во торбата за која немаат банкарска сметка за да создадат чувство на сигурност. Додека тие не гледале, го заменувале со плико без пари, потоа ја заклучувале торбата со катанец и им ја предавале на жртвите. Во раката на жртвите им останувал само лажен златен часовник, објаснува Јерко Куревија од сплитската полиција. Фатени се откако двајцата  извршиле тешка кражба  во реонот на Дубровник. Како што пишува Индекс.хр тие извлекле пари буквало од раката на само еден од повеќето оштетени хрватски државјани, кој се посомнева во вистинитоста на нивната приказна, и заминале во непознат правец.

За време на кривичната истрага, извршено е претрес на лично возило и стан во областа Омиш, користени од осомничениот двоец, а по тој повод се пронајдени поголема сума пари, неколку лажни златни часовници и неколку катанци.

Двајцата измамници 76-годишникот и 68-годишникот се предадени на надзорникот за притвор под сомнение дека сториле пет кривични дела измама и кривично дело тешка кражба.