Македонците најмногу инвестираат во Малта

285
epaselect epa07863553 Activists set banners 'EU Get your Ships Together!' during a Ministerial Meeting on Migration at Fort St. Angelo in Vittoriosa, Malta, 23 September 2019. Interior ministers of Germany, France, Finland, Italy and Malta are to discuss a joint model on location of migrants and refugees rescued at sea. EPA-EFE/DOMENIC AQUILINA

Малта со вкупни 4,7 милиони евра се најде на врвот на листата земји рангирани по обемот на инвестиции од Македонија во периодот јануари-септември покажуваат најновите податоци на Народна банка.

На второ место Македонците инвестирале во Хрватска со 3,8 милиони евра, а на трето место е соседот Грција каде биле вложени 2,7 милиони евра.

Голем е бројот на Македонци кои работат во Малта, а платите кои се нудат се примамливи. Платите во хотелите се движат од 800 до 1.000 евра, односно од 4,5 до 5,5 евра на час во угостителството, но има и сектори кои се поплатени.

Според податоците, околу 5.000 до 6.000 Македонци престојуваат во Малта на привремена работа, а нивниот број на лето достигнува и до 10.000.