Македонците за да наполнат резервоар гориво мораат да работат три дена

43

За полн резервоар гориво во Северна Македонија треба да се работи 23 часа или скоро три работни дена, во Словенија работниците треба да поминат само 10 часа на работа, додека Германците можат да ги наполнат своите автомобили по само еден ден на работа, поточно за околу 6,7 часа работа.

Попрецизно, за 50 литри бензин, кој е просечен капацитет на автомобилот, македонските граѓани треба да платат 54 евра, а оние што возат „дизел“ 49 евра.

Граѓаните на Србија и Црна Гора мораат да поминат слично време на работа доколку сакаат да ги наполнат своите резрвари. Просечната плата во Црна Гора е 516 евра, а бидејќи за 50 литри бензин е потребно 68 евра, тоа значи дека Црногорците треба да работат 23,2 часа. Србите за 50 литри бензи треба да платат 64,5 евра. Со просечна плата од 470 евра и стандардно осум часовно работно време им треба 24 часа работа.

Возачите во Босна и Херцеговина просечната плата е скоро иста како и во Србија – 472 евра, но бензинот е поевтин, така што цел резервоар бара 58,5 евра. Ова значи дека за 50 литри гориво босанците треба да работат нешто помалку од 22 часа.

Горивото во Хрватска е најскапо меѓу државите од поранешна Југославија, така што за еден резервоар во оваа земја се потребни 70,5 евра. Сепак, со просечна плата од 886 евра, односно саатница од 5 евра, хрватите можат да ги наполнат своите автомобили за 14 часа, што е нешто помалку од два работни дена.