Поранешниот македонски репрезентативец Никола Стојчевски, во новата сезона ќе биде тренер на составот на Торсланда, тим од Втората лига на Шведска. Во стручниот штаб на Стојчевски ќе биде и Швеѓанецот Магнус Јохансон, а Торсланда е клубот каде што Македонецот играше во сезоната 2020/21.

Тој ја прекина играчката кариера во 2018 година, беше тренер на млади категории во Гетеборг, но потоа се врати на кратко и играше за клубот каде што сега ќе биде во стручниот штаб.

Стојчевски потекнува од Ресен, во Македонија ги носеше дресовите на Вардар и Металург, а беше дел од хрватскиот Осијек, романските Клуж и Пандурии, тунискиот Клуб Африкан, како и германскиот Ферндорф.