Македонски музичари ја подигаат јавната свест за аутизмот

59

Македонски музичари во соработка со невладината организација „Аутизам ААМК“ создадоа песна и спот „Растеме заедно“, од хуманитарен карактер за подигање на јавната свест за лицата со аутизам, прифаќање на нивната различност и вклучување во општеството.

„Растеме заедно“ е авторско дело на текстописецот и композитор Весна Малинова-Бабамов, аранжманот е на Дарко Тасев, клавијатури – Влатко Георгиев, а виолина – Филип Волкан.

Песната е снимена во студиото АлеЏанДеР на Александар Ристовски-Принц, а учествуваат Кристина Арнаудова, Весна Гиновска-Илкова, Никола Перевски Пере (Нокаут), Лилјана Атанасова Лили, Дани Димитровска, Мијата, Драган Спасов-Дац, Петар Младеновски (Суперхикс), Филипа Гелевска, Горан и Ана Трифуновски (Пеперминт), Бранислав Николов (Фолтин) и Ева Ѓорѓеска.

Сценариото и режијата на спотот пак, се на Кома десигн студио – Ѓорѓе Јовановиќ, Александар Јосифовски и Небојша Гелевски.

Сите учествуваат на доброволна база.