Македонските фудбалери освоија бод со Англија/ФОТО

132

Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено, 1:1 со Англија вечерва во последното коло од Ц-групата во квалификациите за Европското првенство 2024.

Македонија со голот на Енис Барди водеше со 1:0 против Англија на полувреме.

На стартот на вториот дел Џек Грелиш погоди за 1-1, но голот беше поништен од ВАР поради офсајд.

Во 59-тата минута гостите го израмнија резултатот откако со автоголот на Јани Атанасов, кој случајно ја удри топката со рамо и таа заврши во голот на Столе Димитриевски.

Фото:П.Стојановски