Откако влезе во ТВ-играта на најновото издание на реалното шоу „Задруга“, македонскиот пејач од Тетово, долгокосиот Адам Лабунски, не престанува да реди скандали. Дали тоа ќе му донесе доволен број гласови со кои ќе успее да победи, останува да видиме до крајот на зимата, кога ќе се знаат резултатите на секој од учесниците. Но, дека сериозно си ја сфатил улогата и дека се соживеал со улогата, покажуваат и последните настани во „Задруга“. Додека стоеше во дворот со Кристијан Голубовиќ (еден од учесниците, кој е поранешен осудуван криминалец), Адам беше вербално, но и физички нападнат од посилниот и мускулест учесник каскадер Урош Ќертиќ. Тој силно го повлече Адам за косата, при што му извади цел прамен.

Каскадерот Ќертиќ

– Аууу, па ти си правел надградба на косата! – извика Ќертиќ и почна да се смее и при тоа го праша Адам од кога мажите ставаат надградба на косата. Одам сега, па се гледаме пак, македонско „девојче“ – повторуваше зачудениот Урош додека вербално се пресметуваше со збунетиот Адам.

Сепак, агресивниот Ќертиќ не престана со провокациите, поради што обезбедувањето мораше безусловно да реагира.

– Ве молам, спасете ме од овој! Тој ми извади половина од косата! – викаше вознемирено нашиот пејач.                                                                                        Но, маките на Адам не застануваат тука. Неколку дена потоа, вербално беше нападнат од познатата српска пејачка Тијана Милентијевиќ, попозната како интерпретаторка на мегахитот „Жена од Султана“. Таа му возврати на озборувањата дека отворено ѝ се додворувал на некој белградски сплав, кога сакал да ја одведе во кревет за да бидат интимни.

Жена од Султана

– Тоа воопшто не е точно, сè е измислено од Адам! Никогаш не би легнала со него, бидејќи не е мој тип маж. Освен тоа, слушнав од многу луѓе дека е геј, а јас не водам љубов со таквите. Колку е точно тоа, не знам, а и тоа е негова работа во која не сакам да навлегувам. Јас самата најдобро си знам дека никогаш физички не сум му се доближила на Адам. Тој по секоја цена сака да стане популарен, славен. Ама нека не го прави тоа преку моето име. Затоа се лутам, ама, за среќа, лутината брзо ми поминува. Јас самата најдобро знам што посакувам во приватниот живот – раскажа убавата „султанка“, која пред еден месец имаше успешен летен концертен настап во Македонија.                                                                                                                   (Д.М.) фото:ФБ/Јутјуб/Твитер