На 20 септември, со промоција на колекцијата „Х“ а, во рамките на „Модната недела“ во Софија, Бугарија, брендот „Елена Лука“ одбележува свој 10-годишен јубилеј, значаен за и за самата македонска модна сцена. Промоцијата на јубилејната колекција ќе се одржи во рамките на четвртата вечер кога, според програмата на модната недела, ќе настапат повеќе странски модни гиганти.
– Секоја од креациите во оваа луксузна јубилејна колекција „Х“ го има своето уникатно место при раскажувањето на модната приказна на брендот. Од користењето префинети материјали, како што се свила, кадифе, најексклузивни тантели, срма, до кроевите што ја прегрнуваат женската различност, објаснува сопственичката Елена Пандева.
И воедно ги кани сите оние кои се заинтересирани а, кои се во можност да бидат тој ден во Софија, заеднички да ја прослават 10-годишнината на оваа препознатлива модна куќа од Македонија.