Никола Зацески е новото име на македонската музичка сцена, а веќе убедливо ја освои публиката. И тоа со мегахитот многу добро познат на целиот Балкан, па и пошироко.
Станува збор за песната „Лихнида кајче веслаше“, која првпат ја отпеа и влезе во историјата на музиката, славниот Ефто Пупиноски. Песната во интерпретација на Зацески се врти веќе на македонските радиостаници, а како што велат уредниците, многу е барана од слушателите.

Инаку Никола за песната има снимено и видеоприказна, се разбира на Охридското Езеро, а критиките од страната на публиката се феноменални….. „Фантастичен си. Никола! Глас, музика, спот, едно совршенство од врвен музичар… Бог ни дарил природа ама и дар да ја опееме таа убавина и да ја насликаме со убавите бои на гласот на мојот драг пријател… Се ежам додека те слушам, ова е нешто магично, како лек за душа… Одлична преработка, песната ја доби новата димензија, а со спотот заедно изгледаат како совршена филмска музика“.

Но и самиот Никола не остана рамнодушен на овие коментари: -Длабоко од моето срце и душа произлезе инспирацијата за овој проект. Особено ми е драгоцен, бидејќи и јас ќе дадам мал придонес во збогатувањето на нашиот мозаик на македонски песни, кои треба вечно да бидат препевувани и слушани од сите наши нови генерации. Се надевам ќе уживате во нашата волшебна бајка, искрен е пејачот пред кого има светла кариера. Д.М. фото:ФБ/YT