Македонскиот државјанин кој ја уби сопругата призна: Да, сакав да ја убијам

46

Македонски државјанин 36-годишниот Џемаил М. од скопското село Ласкарци, кој до смрт ја избоде својата 32-годишна сопруга, Земира К., на паркинг во австрискиот град Тулин, изјавил дека не се кае пренесуваат австриските медиуми.

Според портпаролот на австриската полиција, Џемаил го признал злосторството без каење.

-Да, сакав да ја убијам – рекол тој.

Џемаил.М, пренесува МКД.мк ја чекал на паркингот пред супермаркет во Тулн. Но, таа одбила да разговара и се упатила накај нејзиниот автомобил. Пред да го стартува возилото, таа била избодена со нож во вратот, по што искрварила до смрт на местото на злосторството, пренесува австрискиот весник „Хојте“.

Децата на брачниот пар се на возраст од шест и десет години и по трагедијата биле згрижени од институциите.

На  Џемаил му се заканува затворска казна од 20 години.