Македонска уметност: Проектот „1/2. Состојба“ на Јовановска во Њујорк

54

„1/2. Состојба“ е насловот на мултимедијалниот проект на уметницата Михаела Јовановска во соработка со видео авторката Вероника Камчевска, што ќе биде претставен на 21 септември, во 18 часот во Њујорк.

„Се работи за проект поврзан со истражување на тема родовата нееднаквост и нејзините релации. Концептот објаснува емоција која се стреми кон нејзината форма да стане целина. Ова го прикажува надворешното влијание за нееднаквост што го моделира битието како крајно отсутно во идејата да се биде човек“, стои во најавата кон изложбата на Јовановска која работи во Националната галерија на Македонија како соработник за визуелни уметности и дизајн.

Таа е мултимедијален уметник со главен фокус на уметничка инсталација, а нејзините дела се изложувани на повеќе групни и пет самостојни изложби, локално и меѓународно.