Македонска и унгарска музика на вечерашниот концерт на „Скопско лето“

40

„Музичка раскрсница“ е насловен концертот со музика од македонски и од унгарски автори, кој вечер од 19.30 часот ќе се одржи во Сули ан во рамки на „Скопско лето“.

Ќе настапат флејтистите Жужана Ѓурина од Унгарија и Страшо Темков и пијанистката Елена Атанасовска-Ивановска. Тие ќе изведат дела од македонски и од унгарски композитори: Коларовски, Фаркаш, Петровски, Лист, Зографски, Барток, Костов и Доплер.

Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, организатор на „Скопско лето“, потсетува дека и овој концерт, како и сите настани од фестивалската програма, ќе се одржи согласно со протоколите – бројот на публиката ќе биде ограничен со задолжително почитување на мерките: носење заштитни маски, мерење телесна температура, физичка дистанца во гледалиштето и дезинфекција.