Македонките за џабе врескаа и пискаа – Музичкиот заводник Саша Ковачевиќ го откажа охридскиот концерт!

287

Драги мои Македонци. Со оглед на тоа што организаторот на концертот во Охрид не ги исполни основните обврски според договорот, ние бевме принудени да го откажеме концертот. Многу ве сакам!“

 Српскиот секси-поп пејач Саша Ковачевиќ ги фрли во очај своите многубројни обожавателки во Македонија. Тој „преку ноќ“, ненадејно, го откажа концертот во Охрид што требаше да се одржи на просторот на сцената на омилениот „Антички театар“. Иако со денови пред концерт девојките бараа билет повеќе да го слушаат својот омилен пејач, а најмногу да го гледаат бидејќи им важи за еден од најзгодните на балканската естрада, го споредуваат со италијанскиот заводник Ерос Рамацоти, тоа нема да се случи. За откажувањето на охридскиот концерт се јави и самиот Саша, и тој многу разочаран, но според него со убедливо, дури и емотивно објаснување:

-Драги мои, Македонци! Со оглед на тоа што организаторот на концертот во Охрид не ги исполни основните обврски според договорот, ние бевме принудени да го откажеме концертот и покрај сета желба и труд тој да се одржи. Исклучително многу се радувам на нашето следно дружење, но со некој поинаков организациски состав. Многу ве сакам“, порача овој естраден заводник.

Инаку, тој со години наназад важи за срцекршач на женските срца, голем шармер и миленик на женската публика. Често кога гостува во ТВ-емисии открива дека знае со некои од девојките кои се појавиле во неговите спотови да има секси-авантура. Но, исто така, вистина е дека сака да објавува свои фотографии од плажите, покажувајќи им на сите дека редовно оди во теретана. Вежба напорно и вредно, па затоа има извајани мускули, но и тело „ремек-дело“ со кое самиот се гордее.

-Пејачот освен што треба да знае да пее, тој мора и добро да изгледа. Свесен сум за тоа дека на моите концерти жените доаѓаат и да се восхитуваат на мојот физички изглед, а јас умеам да ги израдувам. Носам тесни кошули припиени на телото, секако раскопчани, во комбинација со тесни долги панталони, така што и задникот мора да се оцртува. Тоа ги пали припадничките на понежниот пол, па се случува масовно врескање додека им ги пеам моите песни, сурово искрено вели Ковачевиќ.

-Да, имав авантура со три, четири, можеби и пет убавици. Тогаш кога ми се случуваа тие авантури, бев сè уште зелен во своите размислувања. Снимавме најчесто преку лето на море на некоја плажа, а тие девојки разголени во минимални костими за капење. Јас целиот напален, не можејќи да издржам гледајќи во нив. Мораше навечер да се случи интимна средба. Секогаш внимавав на тоа да бидам со најубавата девојка, иако во моите спотови сите се убави, кусо одговорил Саша на прашањето дали имал авантура со некоја од девојките од неговите видеозаписи.

Тој раскажа и за една интересна анегдота од својот бурен љубовен живот:

-Се најдовме со девојката во мојот стан. Таа во еден момент стана да оди во тоалет. На враќање од тоалетот ја згреши собата, па легна во брачниот кревет на мајка ми и татко ми. Потоа знаете што се случи помеѓу нас двајцата. Не е за зборување, низ смеа раскажа Саша.     Д.М.