Македонија ја преслуша Романија

12

Македонската кошаркарска репрезентација ја забелжа и втората победа во претквалификациите за Евробаскет 2021, овојпат на домашен терен над Романија со убедливи 90-76.

По овој триумф, надополнет со оној во Приштина од пред неколку дена, „црвено-жолтите“ се зацрстија на првото место на табелата, значително зголемувајќи си ги шансите за пласман во главните квалификации за Евробаскет 2021.

Војдан Стојановски одигра одличен меч со 21 поен, 13 скокови и пет асистенции, 21 поен постигна и Бојан Трајковски, 14 реализираше Хендрикс, а 13 Костоски за нашиот состав.

Македонија наредниот натпревар го игра на 2 декември, на домашен терен против Косово, на кој триумф ќе ни го трасира патот кон главниот квалификациски циклус за Евробаскет 2021.